Кристина Хорхе де Карваљо е родена во Мозамбик, а живее во Лисабон. Лисабон е нејзиниот омилен град, кој таа го користи како инспирација за почеток на нејзините патувања и дизајни. Во овој град, таа завршила Бизнис администрација, но сепак победила нејзината страст кон архитектурата и естетиката, заради што се сели во Лондон, каде завршила престижни школи за дизајн. Во 1998 година таа го основала своето прво студио CJC – Interior Architecture and Design во Лисабон, во кое соработува со тим од водечки експерти од областа на дизајн и ентериери.
Таа има уникатна , современа и ненаметлива визија за дизајнот. Нејзините бројни клиенти, вклучувајќи многу истакнати хотели, спа центри и приватни резиденции уживаат во нејзината работа и резултатите што таа ги покажува.
Нејзините најнови остварувања се неверојатен обем на мебел. Со комбинација на лак, кожа, месинг, челик, железо, ткаенина, стакло и мермер, сите парчиња од колекцијата се рачно изработени во Португалија од врвни мајстори, кои се потпираат на нејзиниот елегантен стил.