Во виенскиот округ Simmering, во моментот се истражуваат енергетски решенија за одрржлива иднина. На подрачјето на постројката за спалување отпад Simmeringer Haide, во средината на мај е отворена пилот постројка во која стручњаците од различни подрачја работат на производство на „зелени“ горива.
Ова е прва постројка во светот во која од отпадот, остатоци од дрво, хартија и отпаден муљ се произведува синтетички гас. Гасот се користи на самото место, меѓу другото и за производство на обновливо дизел гориво, како алтернатива на дизелот добиен од фосилни горива. Освен обновливото гориво, во склоп на проектот Waste2Value, ќе се работи и на производство на обновлив гас и/или водород. Оваа технологија може да се применува во различни подрачја, како на пример во земјоделството воздушен или патен сообраќај.
„Благодарение на оваа постројка, Виена повторно предничи во истражувањата на подрачјето на енергетската транзиција. Ваквите иновативни пристапи ни се потребни на патот до реализацијата на климатската неутралност и подобрувањето на сигурноста во снабдувањето“, велат од Град Виена. Директорот на градската енергетска компанија Wien Energie, истакнал дека објектот претставува значајна пресвртница кон циркуларната економија. Во иднина од овој пилот проект би требало да настане голема индустриска постројка која би можела да произведува до 10 милиони литри „зелено“ гориво годишно, со што емисиите на јаглерод диоксид ќе се намалат за 30.000 тони. Оваа количина на гориво би била доволна за целосно снабдување на возниот парк ан виенските градски автобуси. Во склоп на проектот планирано е и тестирање на автобусите со погон на обновливо гориво.