Делата Water Lilies од 1907 година на Клод Моне и Portrait of Dora Maar од Пабло Пикасо заедно имаат постигнато цена од речиси 50 милиони долари. Аукциската куќа Christie’s неодамна одржа големата аукција под наслов „Уметноста на импресионизмот и модернизмот“, на која биле понудени 54 дела од најважните уметници од крајот на 19 и 20 век. Иако самата аукција не ги срушила рекордите, вкупните приходи биле речиси 300 милиони долари.
Најпродуктивна за аукциската куќа била „битката“ за Water Lilies на Моне која на крајот достигна цена од 27 милиони долари и Portrait of Dora Maar од Пикасо со 22,6 милиони долари.