Насловна / Вести / Многу земји се враќаат на јагленот, но Г7 предупредува дека „Зелениот договор“ мора да биде приоритет

Многу земји се враќаат на јагленот, но Г7 предупредува дека „Зелениот договор“ мора да биде приоритет

Како да се спроведат зацртаните климатски цели во услови на драматичен раст на цените на енергијата и отежнато снабдување со енергенти, беше главна тема на Групата 7 во Берлин.  Иако е договорено исфрлање на јагленот до 2035, како и декарбонизација на сообраќајот до 2030 година, некои земји тоа тешко ќе го постигнат, а ослободувањето од руската енергетска зависност оди бавно.

germanija1

Токму замената на фосилните горива од Русија, доминирала во берлинската дебата на ресорните министри на Г7. Поради објективните ограничувања кои ги донесе војната во Украина, некои земји се приморани повторно да користат јаглен. Сепак, недвосмислен е ставот дека „Зелениот договор“ мора да биде приоритет. Војната во Украина не смее да биде изговор за отстапување од зацртаните климатски цели. Се работи за битка за климата и битка за животната средина.

germanija2

Испрати коментар

Scroll To Top