Насловна / Вести / Првиот Закон за клима во Грција, поставува рок за напуштање на возилата со внатрешно согорување

Првиот Закон за клима во Грција, поставува рок за напуштање на возилата со внатрешно согорување

Националниот Закон за клима, кој има обврзувачки таргети за емисиите на јаглерод диоксид за 2030 и 2040 година, како и обврска за постигнување на јаглеродна неутралност до 2050 година, е клучен за напорите на Грција за декарбонизација. Главниот фокус е во затворањето на сите електрани на јаглен до 2028 година, со реевалуација во 2023 година.

klima1

Една од најреволуционерните промени е забраната за користење на горилници на нафта за греење на објекти, како и забрана на продажбата на нови возила со мотори на внатрешно согорување, односно со фосилни горива. Попрецизно, од 2030 година, во продажба ќе бидат само електрични патнички и комерцијални возила. Сепак, с еостава простор з апромена на рокот во зависност од енергетската политика на ЕУ. Од 2026 година, во големите урбани центри, такси возилата мора да имаат нулта емисија, а истото ќе важи и за една третина од возилата за изнајмување.

klima2

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top