Насловна / Арт и дизајн / Дело кое комбинира супериорен звук со мека светлина

Дело кое комбинира супериорен звук со мека светлина

Ремек дело со извонреден звук и мека светлина создадено да ви овозможи квалитетен живот и амбиентално задоволство: ова е најкраткиот опис на звучниците на Welle – светилки. Уредот, дизајниран во модерен скандинавски стил, всушност е светилка која е задолжена за создавање мека светлина, во комбинација со висококвалитетен аудио систем со јасен и моќен звук.

svetilka

Веќе со години е забележлив трендот на таканаречените мултифункционални уреди кои во суштина се практична и естетски привлечна комбинација на функции. Во случајот на Welle, не се работи само за споменатите својства, туку и за модерниот дизајн кој лесно се вклопува во речиси секој ентериер, но и со прекрасни, живи бои кои никого нема да остават рамнодушен.

Има шумско зелена густа и богата боја која потсетува на пространо и чисто зелено поле, потоа енергична и стабилна боја во линијата помеѓу црвената и портокаловата, суптилно жолтата и модерната тонирана сива боја која не е ниту премногу светла, ниту премногу темна.

svetilka1

За сè да изгледа елегантно и софистицирано, Welle внимателно избрале ткаенина што одлично се вклопува со гореспоменатите бои на звучниците и преносливата ламба. Оваа ткаенина дава топла, но богата атмосфера која совршено се вклопува со минималистичкиот концепт на скандинавскиот дизајн.

Исто така, вреди да се спомене дека Welle има херметичко куќиште кое ги намалува вибрациите и рефлектираниот звук, како и две единици од двете страни кои му овозможуваат на звучникот да создава јасен и прецизен звук во сите правци. Од друга страна, светилката има светла боја која неодоливо потсетува на топло и смирувачко зајдисонце.

Може да се користи насекаде – во дневна или спална соба, ходник или место за одмор. Покрај тоа, има батерија со голем капацитет која овозможува безжично работење до 12 часа, со 50 отсто јачина и осветленост.

Со еден збор, Welle е мал и компактен уред кој лесно може да се смести насекаде. Изгледа луксузно и елегантно, тежи само 660 грама и носи минималистички изглед во вашиот дом благодарение на едноставниот, но нежен дизајн.

Испрати коментар

Scroll To Top