Насловна / Вести / Noor Station: Како изгледа најголемата CSP соларна електрана во светот, фотографирана од вселената?

Noor Station: Како изгледа најголемата CSP соларна електрана во светот, фотографирана од вселената?

Мароко е домаќин на најголемата соларна централа во светот која ја користи т.н CSP технологија. Ова не е случајност, туку резултат на долгогодишните заложби на оваа земја да го искористи речиси единствениот ресурс кој го има во изобилство – Сонцето, и да започне да ја намалува сериозната зависност од увоз на фосилни горива. Ouarzazate Solar Power Station (OSPS), исто така позната под името Noor Power Station е соларен комплекс составен од 510 MW CSP (concentrated solar power) постројка и дополнителни 72 MW во фотонапонски систем. Проектот е граден во три фази, а вкупните инвестициски трошоци се 2,5 милијарди евра. Комплексот има и помошен дизел систем со цел да се одржува минималната температура на медиумот за пренос на топлина, во периодите кога нема сончево зрачење. Комплексот покрива површина од 2.500 хектари, а неодамна објавени се фотографии направени од вселената, кои најдобро ја отсликуваат импресивноста на ова инженерско достигнување. 
ноор1
ноор2
ноор3
ноор4

 

Испрати коментар

Scroll To Top