Економската криза и високите даноци на имот ја „уранаа“ цената на недвжиностите во Грција на ниво како во 80-тите години на минатиот век, наведува атинскиот весник „Етнос“.
Во текстот под наслов „Нова состојба на пазарот на недвижности во 40 реони на земјата“, „Етнос“ тврди дека стари станови во Грција можат да се купат и по цена од 100 евра по метар кавдратен.
Со цел да се ослободат од плаќањето на високите даноци на имот, сопствениците ги продаваат своите куќи и станови стари по 30 или 40 години по цена од 100 до 300 евра за метар квадратен, наведува весникот.