Словенечката хидроенергетска компанија DEM, која управува со хидроелектраните на Драва, доби градежна дозвола за изградба на геотермална електрана на подрачјето на општината Лендава. Станува збор за првиот таков истражувачки-развоен проект за искористување на геотермалната енергија во Словенија.
Електраната ќе се гради на бушотината Pg-8 и ќе служи како демонстрациски пример на добра пракса. Притоа, ќе се искористува геотермалниот потенцијал на постоечката сува, непроизводна бушотина длабока околу 3000 метри. Системот во целост ќе биде затворен, а како ладилен медиум ќе се користи амонијак. Бушотината Pg-8 е о комплетното зацевувањее всушнст поздземниот дел од постројката, додека во надземниот дел ќе се наоѓа машинската сала. Постројката ќе го користи органскиот Ранкинов циклус (ORC). Се очекува електраната да започне со комерцијална работа во април 2024 година.
Освен DEM, во проектот учествуваат и енергетската компанија Petrol Geo, Факултетот за хемија и хемиска технологија на Универзитетот во Марибор и Геолошкиот завод на Словенија. Проектот делумно се финансира и од средства од Финансискиот механизам на Европскиот простор и од Норвешкиот финансиски мехнизам.