Насловна / Арт и дизајн / Mythos – нов подбренд на Mercedes, поексклузивен од Мaybach

Mythos – нов подбренд на Mercedes, поексклузивен од Мaybach

Долгорочната амбиција на Mercedes-Benz да стане највредната марка на светот кога станува збор за лукзузните возила, се чини дека е на најдобар пат да се реализира. Потврдено е дека асортиманот на највисоката класа под знакот на трикраката ѕвезда ќе биде значајно променет. Луксузните автомобили на Mercedes во иднина ќе се делат на три класи: Top-End Luxury, Core Luxury и Entry Luxury.

mythos1

Entry Luxury сегментот ќе биде „влезот“ во класата на луксузните возила, а моделите од овој вид ќе бидат водени од концептот VISION EQXX. Ќе ги има вкупно четири. Средната класа, Core Luxury, ќе биде предводена од новата E класа, како и новото електрично возило слично наменето за кинескиот пазар. Највисокото ниво на луксуз Top-End Luxury, ќе го пополни електричната лимузина EQS, нејзината варијанта EQS SUV, сите модели под марките Mercedes-AMG и Mercedes-Maybach, S класата, G класата и GLS. Некои од нив ќе го добијат најекслузивниот можен третман и ќе се продаваат под марката MYTHOS Series. Ќе бидат електрифицирани и целосно персонализирани според желбите на купувачите и како такви ќе бидат наменети исклучиво за колекционерите кои можат и сакаат да си дозволат вакви модели.

mythos2

Mercedes Mythos се позиционира како подмарка за „најпосветените ентузијасти и колекционери на Mercedes-Benz”, а по повод најавата на оваа серија објавена е фотографија на силуетата на моделот кој треба да биде прв во понудата. Тоа ќе биде спортски кабриолет базиран на актуелниот модел на Mercedes-AMG SL. Кога станува збор за дополнителната опрема, завршната обработка и останатите додатоци, линијата Mythos ќе биде дури позиционирана над моменталниот поим за луксузни возила. Освен тоа, ќе се произведува во уште помали серии од  Maybach.

mythos3

Испрати коментар

Scroll To Top