На конкурсот за изработка на идејно архитектонско-урбанистичко решение за Истражувачки медицински центар Сплит (IMCS), првата награда е доделена на тимот во кој учествуваа архитекти и студенти по архитектура од Македонија. Првата награда во износ од 195.534,00 куни – труд под шифра „4“ припадна на авторите: м-р Силвија Шалева, м-р Мирјана Лозановска, м-р Ерик Јуришевиќ и м-р Ирена Мажер Хрануели и нивните соработници студентите по архитектура: Димитар Милев, Тамара Џерков и Емилија Алексијоска.
На конкурсот кој беше распишан од 09.02.0222. до 10.05.2022 година пристигнале 13 трудови.
Целта на конкурсот е изградба на Истражувачкиот медицински центар Сплит, кој ќе произлезе од анализата на просторните можности и просторните ограничувања на предвидената локација, ќе ја подобри истата и ќе се вклопи во поширокиот урбан контекст со почитување на постојниот природен и пејзажен амбиент.
IMCS треба да им овозможи на истражувачите квалитетен пристап до истражувањата, знаењето, размена на научни информации, создавање бази на податоци и технолошки решенија и да обезбеди простор за различни настани (конгреси, предавања, семинари итн.) каде ќе се врши размена и пренос на знаење.
Преку својата архитектура, IMCS треба да ја отслика намената што се одвива во него, односно да обезбеди најдобри просторни и инфраструктурни услови за истражување и иновации во областа на биомедицинските науки.