За само неколку дена ќе почнат да се распознаваат првите градежни контури на приземниот кат од третата Џевахир скај сити кула.
И третата кула, како и првите две, ќе биде висока 130 метри и уште 32 метри под земјата.
Има вкупно 716 столбови и секој е широк по еден метар.
Со стриктно придржување до сите безбедносни и сигурносни стандарди, третата кула ќе се гради по еден кат на седум дена.
„Џевахир скај сити комплексот ќе понуди концепт на модерен живот без ограничувања, со сите неопходности што ги има едно семејство, млади брачни парови и самци. Покрај удобноста, загарантирана е и безбедноста. Обемна инвестиција под земја е доказ за градежниот квалитет“, изјави Есер Џевахир, член на управниот одбор.
Со 344 станови на 40 ката, достапни во различни квадратури, луксузни апартмани, како и можност за конструирање на распоред на апартман по нарачка, највисоките кули во Македонија претставуваат уникатен и модерен станбен комплекс со единствен концепт на стилско живеење.
Од Џевахир скај сити велат дека се задоволни од досегашната продажба на становите и очекуваат тоа да продолжи и во иднина.