Аукциската куќа Sotheby’s ја стави на продажба необичната и шик работна маса „Efflorescence“ на Вирџил Абло.
Дел е од колекцијата „Efflorescence“, која беше претставена во галеријата La Galerie kreo во Париз во 2019 година, масата е направена од бетон и има букви обоени со син спреј. Приходите од продажбата се наменети за новоформираната фондација Вирџил Абло, која има мисија сите креативни патишта да ги направи поинклузивни.
Коментирајќи ја колекцијата „Eflorescence“, Абло изјавил: „За мене, дизајнот секогаш има инхерента идеја да биде мост од минатото, со поглед кон иднината.“ Со слична констатација Sotheby’s наведува: „Делото, иако внимателно конструирано со заоблени агли и намерно нескладни празнини, изгледа како продолжение на урбаното ткиво на градот – магична манифестација на метрополски екосистем. Рачно насликаните графити кои поминуваат низ телото на делото, на кои пишува ‘ACID’ и ’20’ , сведочат за единствениот квалитет на објектот, кој Вирџил го користеше како архитектонско платно на кое го применуваше своето динамично и карактеристично пишување“.
Бирото „Efflorescence“ беше достапно на Sotheby’s The Now Evening Auction на 18 мај по проценета цена помеѓу 120.000 и 180.000 долари.