Насловна / Вести / Air France се обврза дека ќе користи само француски и одржливи производи на своите летови

Air France се обврза дека ќе користи само француски и одржливи производи на своите летови

Како амбасадор на француската кујна во облаците, Air France се обврза на сите свои летови кои поаѓаат од Париз да користи исклучиво француски производи. така ан патниците во сите патнички кабини од крајот на оваа година ќе им бидат понудени оброци во целост подготвени во Франција. Тоа значи дека месото, млечните производи мора да бидат со француско потекло, рибата од одржлив риболов, вегетаријанските јадења од француски состојки, а оброците за бебиња и деца од исклучиво органски намирници.

airfrance1

airfrance2

Во согласност со прокламираната цел за одржлив кетеринг, авио компанијата се бори и против фрлање на храна, па на патниците во бизнис класата им нуди опција пред летот да се одлучат за својот топол оброк. Air France се обврза до крајот на годината да елиминира 90% од пластиката за еднократна употреба, и дека ќе користи одржлива угостителска опрема: запалка, количка за храна од новата генерација, садови од целулоза, дрвен прибор з ајадење, хартиени чаши, и сл. Компанијата е исто така посветена и на рециклирањето, па на летовите се врши селективно сортирање на пластичните шишиња и лименките. И натаму, Air France продолжува со соработката со француските кувари носители на Мишелинови ѕвезди, кои ги креираат менијата за прва и бизнис класа.

airfrance4

SIGNA PROVISOIR HOTEL 09 02 2018

Почнувајќи од оваа есен, поточно од септември, Air France во 12 авиони од типот Boeing 777-300, ја редизајнира бизнис кабините. Познатото седиште на оваа авио компанија е редизајнирано така што сега се претвора во кревет долг речиси два метри и на секој патник му пружа директен пристап кон пролазот, но и целосна приватност благодарение на лизгачките врати. Седиштето е исто така опремено со 17,3 инчен 4K екран, нова Bluetooth врска која им овозможува на патниците да користат сопствени слушалки и неколку електрични приклучници. И во економската класа се водведуваат подобрувања на комфорот и условите за патниците, преку зголемување на расположивиот простор за нозете, нов USB порт и сл.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top