Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Големи предизвици за снабдувањето со енергенти на ЕУ

Големи предизвици за снабдувањето со енергенти на ЕУ

{d9c1e316-3c32-4b0b-afcb-c28c0c22ea32}По повод десетгодишнината од влегувањето на Чешка во Европската Унија, на 30 април, на бизнис форумот во Чешка и Словачка присуствуваше и претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј, кој во таа пригода изјави дека ЕУ не смее да си дозволи зависност од увоз на енергенти, доколку сака да биде конкурентна. Тој нагласи дека во случај да не се преземат конкретни чекори, извесно е до 2035 година увозната зависност да достигне дури 80%. Според неговите зборови, Европската комисија до јуни ќе направи преглед на сите неопходни измени на пазарот со енергенти. Помеѓу овие мерки ќе се најдат енергетската ефикасност, диверзификација на изворите за снабдување и зголемување на уделот на обновливи извори.

Испрати коментар

Scroll To Top