Европската унија ја подготвува т.н „Европска иницијатива за соларни покриви“ (European Solar Rooftops Initiative) со која треба да се придонесе во намалување на користењето на природен гас за производство на електрична енергија и за греење. Оваа недела ќе биде претставен пакетот REPowerEU, па според нацртот на документацијата на која сеуште се работи, најверојатно ќе бидат определени следните цели: вкупен капацитет на соларни електрани од 300GW за 2025 година и 500GW за 2030 година. Приоритет ќе бидат објектите со најголема потрошувачка на енергија. Австрија, Белгија, Литванија, Луксембург и Шпанија неодамна и порачаа на претседателката на Европкста Комисија von der Leyen, дека целта за 2030 година треба да биде 1000GW.
Доколку предложениот пакет биде усвоен, националните влади ќе мора да го намалат времето на издавање на дозволите за кровни соларни електрани на три месеци, и најдоцна во 2025 година да овозможат поставување на такви системи на секоја јавна зграда. Европската Комисија се подготвува и да предложи механизми за обука на работниците во секторот соларна енергетика и поддршка на проектите за прозиводство на фотонапонска опрема.