Насловна / Вести / Новата фабрика на BMW во Унгарија, без фосилни горива

Новата фабрика на BMW во Унгарија, без фосилни горива

Германскиот производител на автомобили BMW објави дека во својата нова фабрика во дебрецин, во Унгарија, ќе користи исклучиво електрична енергија од обновливи извори. Така, оваа фабрика ќе биде прва во светот на автомобилската индустрија, која ќе работи без употреба на фосилни горива. Изградбата ан фабриката во Унгарија започнува на 1-ви јуни. Првиот предсериски електричен автомобил ќе излезе од производната линија 26 месеци подоцна. Најголемиот дел од електричната енергија потребна за работа на фабриката ќе се генерира на самото место, а остатокот ќе доаѓа исто така од 100% обновливи извори од други локации.

debrecen2

BMW досега во своите фабрики користеше природен гас главно за работа на когенеративните постројки, како и за печките во лакирниците. Треба да с еистакне дека овој производител на автомобили во минатата година потрошил  3,5 TWh природен гас во своите фабрики ширум светот. Тоа е повеќе од половина од вкупната енергија 6,5 TWh која е потрошена во компанијата.

debrecen3

Испрати коментар

Scroll To Top