Германскиот сателит EnMap (Environmental Mapping and Analysis Program) сними фотографии на Земјата во боја. Станува збор за сателитот лансиран со помош на ракетата Falcon 9, на компанијата SpaceX на први април годинава, а со него управува Германскиот вселенски центар DLR.
EnMap е во вселената повеќе од еден месец, и веќе има фотографирано појас долг 180 и широк 30 километри. Овде е опфатен и мореузот Босфор, континенталната граница помеѓу Европа и Азија. Сателитот користи висококомплексен хиперспектрален инструмент кој во моментот е во процес на калибрирање, а првите фотографии се веќе достапни. Снимањето на овие фотографии има за цел да ги потенцира ефектите од климатските промени. Притоа се користат повеќе од 250 бои за генерирање на точни податоци за водите, вегетацијата и почвата над големите површини, и тоа од вселената.