Насловна / Вести / Градоначалникот на Приштина најави мерки за намалување на загадувањето на воздухот за 95%

Градоначалникот на Приштина најави мерки за намалување на загадувањето на воздухот за 95%

Новиот градоначалник на Приштина, Перпарим Рама, изјавил дека во план се субвенции за граѓаните за замена на печките и котлите со „чисти“ решенија, но и дека сообраќајот ќе биде унапреден со воведување на електрични автобуси, електрични скутери и велосипеди. Тој тврди дека со овие мерки ќе се намали загадувањето на воздухот за 95%.

pristina1

 

„Во Приштина постојат повеќе важни извори на загадување на воздухот, од термоцентралите на јаглен до сообраќајот“, рекол Рама. Светската банка утврдила дека најголем фактор е согоруувањето на дрвото и јагленот во домаќинствата, а дополнителен проблем е што овие горива често не се доволно суви. Приштина ќе развие сообраќајна инфраструктура за да го реши прашањето на гужвите, а локалните власти преговараат со ЕБОР за набавка на електрични автобуси.

pristina2

Рама победи на локалните избори со програма која во голема мера се потпира ан одржлив развој и заштита на животната средина. Тој вети дека максимално ќе го зголеми опфатот нa граѓаните кои се приклучени на систем за далечинско греење, со истовремено зголемување на капацитетите за централизирано производство на топлинска енергија за 280 MW. Неодамна во Приштина започна да работи службата Taxi Tesla со 40 електрични возила од брендот Teslа. Рама е архитект кој се образувал во Велика Британија, каде подоцна отворил свое архитектонско студио во Лондон, често наградувано за иновативни проекти.

 

Испрати коментар

Scroll To Top