Насловна / Вести / Германија се подготвува за ненадеен прекин на испораката на руски гас

Германија се подготвува за ненадеен прекин на испораката на руски гас

Reuters ексклузивно објави дека Германија, која со 55% зависи од рускиот гас, во тишина се подготвува за можноста овој гас ненадејно да го нема на пазарот. Законодавниот пакет на мерки би можел да вклучува и државата да превземе контрола над клучните енергетски компании. Подготовките ги предводи Министерството за економија, а природниот гас е главно гориво во тамошната силна хемиска индустрија, металургијата и автомобилската индустрија. Германија најави дека има намера да се оддалечи од рускиот гас дури кон средината на 2024 година. Останува нејасно дали ќе дојде до ненадеен прекин, но Германија и натаму ќе го поддржи давањето гаранции на енергетските компании кои набавуваат енергенти, а критичните компании е можно да ги земе и под своја контрола. Се размислува и за нивна национализација, но секако таа мерка треба да биде максимално оправдана во насока на сигурноста во снабдувањето.

gas1

gas2

И во минатото имало вакви примери на интервенции од страна на државата. Во 2018 година, државната развојна банка KfW купила 20% од операторот на енергетската мрежа 50Herz, со цел да се одбрани од кинеската национална мрежна компанија.  Оваа година, истата банка им помогна на компаниите Uniper и EnBW да се справат со ценовните шокови на пазарот.  Германија истражува и како да го рационализира снабдувањето со гас во итни случаи. Регулаторот разгледува дали да и даде предност на индустријата пред домаќинствата, што би било голема промена на сегашната политика според која домаќинствата имаат приоритет.

Image by Matthew Shaw Photography

Испрати коментар

Scroll To Top