Насловна / Вести / Граѓаните на ЕУ можат да ги тужат државите поради загадувањето на воздухот

Граѓаните на ЕУ можат да ги тужат државите поради загадувањето на воздухот

Граѓаните на Европската унија можат да ги тужат своите држави и да добијат надомест поради нарушеното здравје предизвикано од загадувањето на воздухот, соопшти Европскиот суд на правдата. Правна полемика предизвика случајот на еден жител на Париз, кој ја тужи Франција и бара оштета од неверојатни 21 милион евра. Правобранителката  Juliane Kokott  од Европскиот суд на правдата, изјавила дека постојат правни основи според кои државите членки на Европската унија може да бидат одговорни за штетата по здравјето на граѓаните предизвикана со прекумерното загадување на воздухот.

„Обврска на државите членки е да ги почитуваат граничните вредности за заштита на квалитетот на воздухот и подобрување на квалитетот на воздухот, што има за цел да се заштити здравјето и правата на граѓаните“,  се вели во соопштението на Европскиот суд на правдата. „Пречекорувањето на граничните вредности главно погодува одредени групи кои живеат или работат во посебно загадени подрачја, често со низок социо-економски статус“, истакнала Kokott.

Во тужбата која ја покренал граѓанинот на Париз, оштетениот истакнува дека Франција е одговорна што не обезбедила почитување на граничните вредности кои се применуваат низ целата ЕУ, а се поизразеното загадување во париската агломерација го нарушило неговото здравје. Европскиот суд на правдата во 2019 година утврдиле дека граничните вредности на азот диоксидот во париската агломерација се пречекорувани од 2010 година. Францускиот Државен совет утврдил дека во Париз лимитите се пречекорувани до 2020 година, како и дека е забележано прекумерно присуство на PM10 честичките. Управниот апелациски суд во Версај, кој ја води оваа постапка, му упатил на Европскиот суд на правдата прашање дали и под кои услови поединци можат да бараат од државата некаков надомест за нарушено здравје предизвикано од кршењето на граничните вредности на ЕУ.

Europe Migrants

По повод овој случај, правобранителката Kokott истакнала дека таквото барање е основано. Таа навела дека граѓаните можат да добијат компензација поради нарушено здравје доколку се исполнети три услови за одговорност на државата за штета предизвикана врз поединци: да е прекршено владеењето на правото на ЕУ, повредата на тие права да е доволно сериозна и да постои директна причинско – последична врска помеѓу таа повреда и штетета која ја претрпеле тие лица. Несомнено, последново е особено тешко за докажување, се вели во соопштението на Евриопскиот суд на правдата.

justice2

Според податоците на Европската агенција за животна средина, загадувањето на воздухот предизвикува 300.000 случаи на предвремена смрт годишно во Европа, односно тоа е една од најголемите закани по јавното здравје на континентот.

 

Испрати коментар

Scroll To Top