VW во прв план ја стави електрификацијата. Побарувачката за новите возила е се поголема, па така возилата на пазарите на САД и Европа се веќе распродадени за оваа година. И натаму не се гледа крајот на кризата на пазарот на автомобили предизвикана од недостатокот на чипови и компоненти, па во некои фабрики производството е на пауза, бидејќи и покрај големата побарувачка, времето на чекање од нарачката до испораката на возилото е се подолго. Доколку ги нема споменатите проблеми, бројките во однос на остварената продажба би биле уште подобри, бидејќи се повеќе луѓе, особено поради фактот што цените на дизелот и бензините постојано растат, се одлучуваат возилата со мотори со внатрешно согорување да ги заменат со електрични автомобили. Тој тренд ќе продолжи и понатаму бидејќи речиси и нема автомобилска компанија која нема започнато со процесот на електрификација. Истовремено се очекува и продолжување на кризата во однсо на чиповите со оглед на ситуацијата во Украина и секако повторните карантини во Кина.