Насловна / Вести / ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2022 на Пивара Скопје, Пaкомак и Мен енд Маунтен

ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2022 на Пивара Скопје, Пaкомак и Мен енд Маунтен

Пивара Скопје, Пакомак и Мен енд Маунтен ја најавија досега најголемата еколошка акција – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2022, што ќе се спроведува во 26 општини низ државата, вклучително и во Град Скопје. Еко-акцијата е поддржана и од Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

generalka

Во пролетниот дел од акцијата, која во повеќето општини ќе се одвива од 6-ти до 8-ми мај 2022, ќе биде собран целокупниот сув отпад од локациите што се одредени од страна на секоја општина посебно. Предвидено е вработените и членовите на менаџерскиот тим на Пивара Скопје, заедно со администрацијата на Град Скопје и со останатите партнери и заинтересирани граѓани, во петок, 6 мај, да го собираат отпадот од врвот, пешачките патеки и падини на планината Водно, со што и официјално ќе биде означен почетокот на „Генералка викенд 2022“.

За собраниот отпад во текот на акцијата и ќе се погрижи Пакомак кој, во соработка со локалните комунални претпријатија, ќе направи негова соодветна селекција и рециклирање.

generalka1

Како продолжение на акциите за пролетно чистење, во рамки на „Генералка викенд 2022“ предвиденa е и акција за пошумување што ќе се спроведе наесен. Бројот на дрвјата што ќе бидат засадени ќе зависи од количината на отпад што ќе биде собрана за време на пролетното чистење, при што за секои 10 килограми собран отпад ќе биде засадено по едно дрвце. Дополнителен број садници ќе се обезбедат од средствата што ќе бидат донирани преку платформата наречена „Сончева гора“ која ќе биде отворена за сите заинтересирани поединци и компании. Локациите за засадување на новите дрвја и нивниот вид, ќе бидат одредени во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ЈП „Национални шуми“, Институтот за биологија и геологија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и граѓанските организации кои активно работат во оваа област.

Инаку, како составен дел од „Генералка викенд 2022“ предвидено е да се организира и  специјален фестивал во Крива Паланка на кој преку спој од добра музика, храна, пијалаци и претставување на локални уметници и занаети, ќе се прослави акцијата за пролетното чистење.

Сите информации поврзани со организацијата на „Генералка викенд 2022“, вклучувајќи го и распоредот на акциите за чистење по општини, може да се добијат на групата ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД на Фејсбук: https://www.facebook.com/groups/generalka.weekend каде во исто време додека се одржуваат волонтерските акции ќе бидат прикачени и споделени сите интересни новини, фотографии и видеа.

Испрати коментар

Scroll To Top