Овој велосипед е идеален за сите оние што многу патуваат во големите градови, немаат место во своите станови или честопати одат на кратки патувања. Сега моделот на Hubless Bicycle може да го промени начинот на кој луѓето патуваат.
Тркалата немаат спици, системот може да биде повлечен во едно движење, а амбалажата во која е спакуван може да се користи и како ранец. Моментално луѓето работат на зајакнување на тркалата за да се надоместат спиците што ги нема, па заради тоа велосипедот е потежок од вообичаените, потежок е за транспортирање и потешко постигнува голема брзина. Но, иако сè уште е во фаза на прототип, клучните фактори кои треба да му обезбедат масовно производство се веќе присутни.