Над 10 тони стакло се собрани во првите четири месеци во акцијата за селективно фрлање отпад во угостителството на компанијата „Пакомак“ и скопските кафулиња и ресторани.
Акцијата почна минатата година со околу 15 кафулиња и ресторани во Скопје. Во секое од нив „Пакомак“ постави три различни корпи со ознаки за стакло, пластика и хартија, за селекција на отпадот.
„Преку акцијата, сакаме да ја зголемиме свесноста кај луѓето, да создадеме здрави еколошки навики и поубава средина за живеење за сите нас. Се надеваме дека оваа акција ќе биде што помасовна и резултатите ќе бидат успешни, за да имаме едно почисто и поубаво Скопје. Очекуваме акцијата брзо да се прошири и низ другите градови“, изјави директорот на „Пакомак“, Филип Ивановски.