Насловна / Арт и дизајн / Пријава на трудови за конкурсот „Балкан без јаглен во 2036 година“

Пријава на трудови за конкурсот „Балкан без јаглен во 2036 година“

„Центарот за животна средина“ од Бања Лука ги повикува визуелните уметници (графички дизајнери, студенти на уметничките академии и сите други креативци) да се пријават на јавниот конкурс за визуелен приказ на тема „Балкан без јаглен во 2036 година“. Конкурсот е отворен од 4-ти април до 16-ти мај 2022 година.

bbu1

Земјите од Западен Балкан се наоѓаат на енергетска пресвртница. Декарбонизацијата до 2050 година претставува императив за постигнување на целите од „Зелената агенда“ за Западен Балкан. Овој процес подразбира премин на економијата од фосилни горива на обновливи извори на енергија. Алијансата „Европа без јаглен“ се залага за престанок на користењето на јаглен до 2035 година и премин на 100% обновливо сценарио. Земјите во Европа се на половина пат до затворањето на своите термоцентрали на јаглен до овој период. Земјите од Западен Балкан се во потешка позиција, првенствено поради големата зависност од јаглен и непланското делување по ова прашање на енергетската транзиција. Покрај тоа, сосема е извесно дека во претстојниот период ќе дојде до оданочување на емисиите на јаглерод диоксид во нашиот регион. Тоа значи дека доколку владите не превземат конкретни чекори, овие даноци драстично ќе влијаат врз нашите животи. Што поскоро минеме на производство на енергија од „чисти“ извори, толку порано ќе оствариме бенефит од енергетската транзиција, а негативните последици по животната средина и општеството ќе бидат намалени.

bbu2

bbu3

Примарната цел на повикот е уметнички приказ на енергетската иднина на земјите од Западен Балкан, а визуелните уметници на овој начин креативно ќе ја претстават личната визија за наведената проблематика. Токму поради тоа им се поставува прашањетo: „Како Вие го гледате Балканот во 2036 година?“ Со визуелизацијата ќе се допре до свеста на граѓаните, институциите и другите засегнати страни, што е една од целите на кампањата „Стоп за валканата енергија – иднината е обновлива“. Повеќе за конкурсот ОВДЕ.

Испрати коментар

Scroll To Top