Вечерва, со почеток во 20 часот во галеријата СИА (Serious Interests Agency) во Скопје, уметницата Христина Иваноска ја отвора својата самостојна изложба насловена „La Mystérique (патот кон милостa)“. Христина Иваноска и културниот теоретичар Искра Гешоска ќе иницираат разговор за време на отворањето на изложбата.
Изложбата ги прикажува нaјновите дела на Иваноска работени во различни медиуми, а инспирирани од списите на Симон Веил (Simone Weil), француски филозоф од еврејско потекло, христијански мистик и политичка активистка, и Лис Иригаре (Luce Irigaray), француска феминистка и филозоф.