Архитектонското биро од Јужна Африка GASS Architecture Studios изгради училишен комплекс со заоблени ѕидови од набиена земја и кровови налик на листови во долината Paarl во Западен Кејп, Јужна Африка.
Наречен Green School South Africa, комплексот од 3.313 квадратни метри завршен е како дел од поголем мастерплан, кој вклучува градинка, основно училиште, средно училиште, кафетерија, зграда за драма и музика, повеќенаменски простор, спортски терени, амфитеатар.
Green School South Africa замислен е како одржлив училишен кампус од осум хектари во долината Paarl, дефинирана од Paarl Berg на север, планините Drakenstein на исток и југ и Simons Berg на југозапад.
Развиена во повеќе фази, првата фаза од кампусот беше завршена во февруари 2021 година.
Во оваа прва фаза, завршената зграда вклучува основно училиште, кое нуди 16 училници за деца – почнувајќи од зградата на градинка до Gr 8, Sangkep (термин што се користи за повеќенаменски простор), административна зграда и срцето на училиштето.
Втората фаза од комплексот, која ќе ги опфаќа зградите на средните училишта, се планира да започне во 2023 година.
За целиот комплекс бирото осмислило просторно уредување на макро ниво, почнувајќи од проектот на зградите и проектирање на јавните простори кои обиколуваат околу волумените.
Сите целини, елементи на пејзажот и социјалните функции меѓусебно се испреплетени на хармоничен начин.
Училишните единици се распоредени во кружна форма, обликувајќи голем внатрешен двор.
Глатките агли се добиени со употреба на ѕидови од набиена земја во еднокатни училишни единици. Овој пристап го одредува и општиот јазик на целиот мастерплан.
За да се постигнат „органски тектонски форми“, бирото црпи инспирација од планините кои ја содржат долината, но и подиректно од карпите на Paarl Berg.
„Овие цврсти форми се распоредени така да одговараат на програмските потреби на секоја поединечна зграда“, велат од GASS Architecture Studios.
Целиот училишен кампус е уреден со различни групи згради сместени среде овоштарници, зеленчукови градини, патеки, уредени тераси и распространети простори.
Архитектите ги испреплетуваат поединечните групи на згради со уредување и низа органски обликувани „werf“ ѕидови за да формираат кохерентна целина и свет на премини и различни простори кои учениците можат да ги истражуваат.
По пристигнувањето во училиштето, посетителите се водени од уреден габионски ѕид кон административната зграда која се наоѓа на главната циркулација на кампусот, поврзувајќи повеќе јавни згради.
На главниот циркулационен „’рбет на кампусот“, вклучени се објектите Sangkep (повеќенаменски простор), пазар со дрвореди, Deli, Co-Working Space и срцето на кампусот.
Во срцето на кампусот, се наоѓа делот „Срцето на училиштето“ каде што сите патеки се спојуваат. Оваа зграда ја дефинираат три форми налик на карпи кои ја дефинираат патеката што доаѓа од плоштадот.
Од едната страна на зградата се наоѓаат трпезаријата, Life Lab и кујната, а од другата библиотека, уметничко и музичко студио и простор за перење.
Архитектите создаваат главна циркулација која се разгранува во внимателно промислени кривулести патеки, за да се создадат моменти на возбуда, чудење и откритија.
Од друга страна, овие секундарни рути ги водат учениците до основното училиште и градинката кои излеваат на уредени дворови.
На југ од кампусот, градинката е заштитена и скриена со уредени брегови, додека патеката е покриена со рачно ткаен тунел за одгледување фиданки.
„Позициите на различните зони и згради се внимателно разгледани, земајќи ги предвид принципите на пасивниот дизајн на Фенг Шуи“, велат архитектите.
На крајот, канцеларијата создава хармонични простори каде човекот и природата можат повторно да се поврзат.
За да се постигне оваа рамнотежа помеѓу внатре и надвор, бирото користи минимум ѕидови за да овозможи големи експанзивни отвори што обезбедуваат визуелна врска помеѓу внатре и надвор.
„Визуелната поврзаност на зградите не е единствениот аспект што ја поврзува архитектурата со природата“, велат архитектите.
Објектите се изградени од материјали од природно и локално потекло, како што се плафони од локално дрво, глина и земја ископани од локацијата за да може да се намправат ѕидови од набиена земја и ѕидови и подови од варов малтер.
Освен тоа, архитектите го користеле чакалот од местото за да изградат габионски ѕидови. Според нив, овој процес е спроведен за подобро интегрирање на архитектурата со околината, славејќи ги материјалите и занаетчиството од локалното подрачје.
Бирото ги создало овие стереотомски објекти со органски облик со користење на големи покривни конструкции налик на листови, кои помагаат да се собира дождовницата.
Исто така, ги користст отворите за да ги врамат глетките, прозорците за филтрирана природна светлина и вентилација, текстурирани елементи – кои сите заедно создаваат примамливи и разиграни простори.
Архитектите нагласуваат дека, „овој повеќеслоен развој каде архитектурата и пејзажот се преклопуваат, создава примамливи и разиграни простори каде децата можат да се вклучат, истражуваат и учат“.