Аголните терасести градини не се типични кога станува збор за уредување на заден двор. Меѓутоа, фирмата Barensfeld Architecture дошла до иновативно решение кое може да функционира. Последниoт дизајн на компанијата е насловено Hilgard Garden, а се наоѓа во Berkeley California.
Дизајнот е направен во аголен тренд кој е применет поради малиот простор со голема косина. Сопственикот сакал да искористи највеќе што може од просторот на задниот двор, меѓутоа без да се ослободи од природните елементи. Па така, архитектите се одлучиле за косина која би ја следела топографијата на теренот, што исто така овозможува поголем простор за движење околу.
Со овој проект се докажува дека малиот простор не треба да ги одврати сопствениците од градината што ја посакуваат.