Насловна / Архитектура / BIG го проектираше новиот истражувачки центар на Европската Комисија во Севилја

BIG го проектираше новиот истражувачки центар на Европската Комисија во Севилја

Севилја добива нов истражувачки центар на Европската Комисија, а победник на конкурсот за архитектонското решение е Bjarke Ingels Group (BIG). Победничката шема содржи „облак“ од скалести фотонапонски панели инспирирани од плоштадите и улиците на градот.  Проектантите истакнуваат дека за Joint Research центарот во Севилја се обиделе преку одржливи перформанси на зградата да ја покренат архитектонската естетика, која не само што овозможува подобро функционирање, туку ја подига и еколошката свест.

big1

Под името „Соларна купола“, новата зграда е за потребите на Joint Research Centre (JRC), т.е службата за наука на Европската Комисија. Површината од  9.900 квадратни метри вклучува 12 истражувачки единици и пратечки функции, како и јавни и приватни отворени простори. Се очекува изградбата да започне во 2024 година. Центарот ќе биде реализиран на некогашната локација на Sevilla Expo ´92. Шемата на  BIG вклучува покривање на целата локација со квадратни соларни настрешници направени од лесни фотонапонски панели, поддржани од шума витки столбови. Овој обединувачки пејсаж ќе овозможи заштита на плоштадот, градината и истражувачката зграда, налик на пергола.  Зградата е поставена дијагонално, со цел JRC директно да се поврзе со речниот брег и плоштадот во еден беспрекорен континуиран јавен простор кој е истовремено и плоштад и шеталиште. big2

Во внатрешноста, јавните содржини како конференцискиот центар и сл, се наоѓаат на првиот кат, додека канцелариите и истражувачките единици ги заземаат горните спратови заради приватност и безбедност. Следејќи ја геометријата и модуларноста на зградата, две дијагонални единици ги поврзуваат сите нивоа, постигнувајќи физичко движење и социјална интеракција со неформални состаноци. Во однос на енергетските перформанси, зградата е пасивна, со механичка вентилација. Проектот дава приоритет на материјалите од локално потекло, како што се варовник, дрво и керамички плочки. Конструкцијата на зградата е направена од нискојаглероден бетон, кој има 30% намалена емисија на CO2, додека „облакот“ на перголата е направен од рециклиран челик. Градините, зеленилото од регионот и водените елементи во надворешното опкружување настојуваат да го намалат/елиминираат ефектот на топлински остров и да создадат пријатна микроклима.  Истражувачкиот центар е поврзан со целта на градот Севилја да го постигне глобалниот стандард на одржливост до 2025 година, како и локалната визија на проектот  eCitiSevilla  за декарбонизација и транзиција. Развојот исто така има за цел да ја исполни посветеноста на JRC кон одржливост, обединување на европската визија на иницијативата New Bauhaus и да постави ново мерило за работниот простор кој поттикнува споделување на знаење, соработка и заедничко создавање.

big3

Испрати коментар

Scroll To Top