Насловна / Вести / Роберт Голоб победи на изборите во Словенија со „зелена“ економска програма

Роберт Голоб победи на изборите во Словенија со „зелена“ економска програма

На доскорешниот словенечки премиер Јанез Јанша, му се удри од глава одлуката да го разреши од позицијата претседател на Управниот Одбор на државната компанија GEN-I, Роберт Голоб, на крајот на минатата година.  Во соработка со една мала зелена партија, Роберт Голоб, стручњак за електроенергетика, го создаде своето „Движење Слобода“ (Gibanje Svoboda), и на изборите во Словенија на 24-ти април освои 41 од вкупно 90 пратенички места.

golob1

Победата на оваа листа во Словенија, е продолжение на „зелениот бран“ во регионот, кој досега се рефлектираше на локално ниво во Загреб, Приштина, а донекаде и во Скопје.  Сосема е извесно дека на гласачите им се важни прашањата од областа на заштитата на животната средина и енергетската транзиција. Во својата предизборна кампања, Голоб истакнуваше дека решенијата во енергетиката не треба да се бараат само во рамките на Словенија, туку во склоп на поширокиот регион. Енергетскиот систем, според него, не смее повеќе да се потпира на фосилните горива, туку на обновливите извори на енергија како и на технологиите на новата генерација за нуклеарна енергетика. Неговата листа на приоритети одредува три подеднакво важни столбови за своето дејствување: грижа за животната средина, грижа за граѓаните и економски развој. „Сето тоа ќе биде поддржано со дигитализација и вистинско насочување на средствата од ЕУ фондовите“, стои исто така во програмата.

golob2

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top