Насловна / Вести / Најголемите загадувачи во светот

Најголемите загадувачи во светот

Не сите земји се соочуваат со исто ниво на одговорност во однос на климатската криза. Најголемите загадувачи треба да преземат акција за да ги намалат емисиите на јаглерод, но и да го неутрализираат со поддршка на еколошки проекти ширум светот.

1 (1)

Секоја година повеќе од 30 гига-тони CO2 се ослободуваат во атмосферата на Земјата. Најголемиот дел од загадувањето доаѓа од употребата на фосилни горива, генерирањето енергија преку необновливи канали и загадувачките активности на човекот.

1 (2)

Најголемиот дел од загадувањето доаѓа од само неколку земји: Кина, на пример, генерира околу 30 отсто од сите глобални емисии, додека САД се одговорни за речиси 14 отсто.

Кина, со ослободени повеќе од 10,065 милиони тони CO2

Соединетите Американски Држави, со 5.416 милиони тони CO2

Индија, со 2,654 милиони тони CO2

Русија, со 1.711 милиони тони CO2

Јапонија, 1.162 милиони тони CO2

1 (3)

Германија, 759 милиони тони CO2

Иран, 720 милиони тони CO2

Јужна Кореја, 659 милиони тони CO2

Саудиска Арабија, 621 милион тони CO2

Индонезија, 615 милиони тони CO2

Овие земји нема да можат да постигнат јаглеродна неутралност само со намалување на нивните домашни емисии. Тие ќе треба да неутрализираат голем дел од емисиите на јаглерод и на меѓународните пазари.

1 (4)

АВТОР: Сања ВЕЛКАКОВА

Испрати коментар

Scroll To Top