Германскиот производител на опрема за греење, ладење, вентилација и климатизација Bosch Thermotechnik најави зголемување на вложувањата во развој на топлинските пумпи за дури 300 милиони евра. Тоа не треба многу да изненадува бидејќи оваа членка на групацијата Bosch, во минатата година остварила одлични деловни резултати. Имено, приходот изнесувал 4 милијарди евра, или дури 13% повеќе отколку во 2020 година. Притоа, голем приход е остварен на домашниот, германски пазар, за 10%, но и во Велика Британија за 16%. Бизнис палновите на компанијата во целост се ускладени со моменталните светски трендови во смисла на се поинтензивна климатизација и дигитализација. Кога станува збор за топлинските пумпи, кои всушност ги обединуваат функциите на греење и климатизација, приходот на Bosch Thermotechnik во овој сегмент во 2021 година е дури 38% поголем споредено со 2020 година. Истовремено со овој раст на приходот, компанијата го зголемила вложувањето во истражување и развој на нови производи во минатата година за 19%.