Турција е шестата земја во Европа и 14-та во светот која надмина 100GW вкупна инсталирана можност во капацитети за производство на електрична енергија. Во изминатите 4 години, 86% од новоизградените капацитети се од областа на обновливите извори на енергија. Од Министерството за енерегетика и природни ресурси на Турција изјавиле дека од 2002 година забележано е тројно зголемување на инсталираниот капацитет. Податоците од крајот на март 2022 година, хидроенергијата има најголемо учество со 31,5 GW, а потоа следуваат постројките на природен гас со 25.5 GW и постројките на домашен јаглен со 11.4 GW. Ветерните електрани се на четвртото место со вкупен инсталиран капацитет од 10.9 GW. Следни на листата се капацитетите кои користат увозен јаглен со 9.5 GW, соларните електрани со 8.3 GW и геотермалните системи (1.7 GW).