Јапонската архитектонска фирма OSO го претстави планот за поставување авион меѓу две кули во комплекс во центарот на Сиетл, проектиран од Henriquez Partners Architects.
Според презентираниот проект, над џамбо-џет тип Боинг 747 ќе се најде стаклена покривка, а врвот на леталото би бил насочен кон улицата.
Како што наведува за Dezeen претставник на Westbank, градежна компанија од Ванкувер, дизајнерскиот тим на OSO сакал да го изложи телото на џамбо џетот пред јавноста.
Опремата за слетување и задниот дел на леталото ќе останат недопрени, а бидејќи крилата ќе бидат отстранети, авионот ќе ја носи целата должина низ челичните греди.
Благодарение на овие носачи над нив ќе се постават патеки кои ќе им овозможат на посетителите да влезат во висечкиот Боинг, кој ќе служи како канцелариски простор за Westbank, но и како галерија.
“Вклучувањето на целиот труп 747 во нашиот проект е можност да се истакне наследството на Боинг и неговата историја во градот Сиетл“, велат од Westbank.
Поточно, овој Боинг 747 првпат полетал во 1990 година, а се повлекол во 2017 година, само пет години пред Боинг да ја прекине целата линија 747.
Westbank моментално работи на демонтирање на Боингот на аеродромот во Калифорнија и планира да го пренесе авионот во Сиетл за да може работата да биде завршена до крајот на 2022 година.
Внатрешниот дизајн е доверен на Монталба, иако допрва треба да се објават внатрешните рендери.
На овој комплекс, освен планираното поставување на авионот, вреди да му се обрне внимание и поради неговиот придонес во панорамата на Сиетл, а кулите наречени WB 1200, кои се во изградба, ќе содржат илјада станбени единици.
Основата на кулите меѓу кои ќе биде поставен авионот,е проектирана на три нивоа, ќе содржи малопродажни простори, како и сала за концертни настапи во сопственост на глобалната промотерска компанија Live Nation.