Насловна / Архитектура / Белгија: Нов кампус кој ќе биде средиште на иновации, ќе може да се користи и во текот на изградбата

Белгија: Нов кампус кој ќе биде средиште на иновации, ќе може да се користи и во текот на изградбата

Со цел да се прошири постоечкиот Corda campus на компанијата Limburg Investment, VenhoevenCS и Geosted  проектирале високотехнолошки plug and play кампус. Намерата била кампусот да стане средиште на иновации и соработка, а овој адаптивен нов модерен технолошки кампус има за цел и да помогне во зајакнувањето на локалната економија на Hasselt во Белгија. Желбата на компанијата е новиот кампус да привлече таленти, да го поддржи развојот на бизнисот и да биде здрава и удобна средина за луѓето кои таму работат. Истражувањето, образованието и претприемништвото ќе го покренуваат  Corda campus. Така тој ќе ги поврзува вработените, сопствениците на компании и истражувачи со знаење, иновации и организациите ширум градот. Лесниот пристап до различни облици на превоз, како и овозможен пристап до објектите за пешаци и велосипедисти, е еден од начините на кој кампусот ја промовира одржливоста. „Поврзаноста е суштинска за развојот на нашиот кампус: размена на знаење, подобар јавен превоз, врска со природата и модална промена“, рекол Danni Esselman од VenhoevenCS.

corda1

corda2

Зелените патеки овозможуваат бавен сообраќај во кампусот, а паркингот и автомобилскиот соображај се изместени по краевите на кампусот со цел да се создаде чувство на град по кој може да се пешачи. Зелените патеки исто така го поврзуваат кампусот со блиските резиденцијални подрачја. Планот за Corda кампусот предвидува и одржлива електрична мрежа. Идната флексибилна употреба на градежниот простор, ја намалува количината на отпад кој би настанал со понатамошна градба и пружа можност за јавна употреба на флексибилните простори. Кампусот го следи моделот plug-in, кој овозможува делови од кампусот се користат во текот на изградбата, со цел кампусот да биде целосно оперативно и атрактивно опкружување додека сеуште се гради. Ова исто така помага во олеснувањето на привремените програми како што се инкубатор или жива лабораторија, со цел просторот да биде функционален како високотехнолошки кварт за иновации, дури и пред да биде завршен кампусот. Енергетските и водоводните системи се организирани по кластери на згради, од истите причини.

corda3

corda4

corda5

За љубителите на esport, предвидена е Corda Arena во средиштето на кампусот.  Во неа ќе се организираат настани и конференции за до 4.000 гости. Зградите околу централниот јавен плоштад ќе имаат транспарентни основи, кои ќе им овозможат на пешаците да видат што се случува во канцелариите и лабораториите. Аголните ззелени покриви со прозорци, ја замаглуваат линијата помеѓу природата и објектите, додека фасадите во облик на пиксели одговараат на технолошката шема.

corda6

 

Испрати коментар

Scroll To Top