Рекордно долг висечки мост треба да се отвори во североисточна Чешка во мај, кој ќе им биде од голема полза на планинарите, а истовремено ќе им овозможи прекрасен поглен помеѓу врвовите на планината Kralicky Snežnik. Според официјалните лица од туризмот во Чешка, мостот Skybridge 721 ќе биде најдолгиот визечки мост на светот, кој се протега во должина од 721 метар и спојува два планински гребени.
Сместен е во близина на летувалиштето Dolní Morava и ја премостува долината Mlynicke udoli на височина од 95 метри. Свеченото отворање на мостот е планирано за 9-ти мај. Мостот се наоѓа во близина на видиковецот Skywalka, 55 метри висока платформа од која е можно спуштање со тобоган. Одморалиштето за зимски спортови и планинарење Dolní Morava е на околу 200 километри источно од Прага, во близина на границата со Полска.