Стопанската комора на Србија (Привредна комора Србије – ПКС) и берзата на електрична енергија во Србија – SEEPEX повикуваат на јавната презентација на студијата South East Europe Energy Outlook 2021/2022 – SEEEO 2021/2022, која ќе се одржи на 11-ти мај во Белград. Документот е изработен од страна на енергетскиот институт IENE од Атина.
Во студијата се обработени податоци од одделните земји од југоисточна Европа, пазарни информации и трендови во енергетиката, како и регионална секторска анализа и проекции за развојот до 2040 година. Овој енергетски атлас од 1450 страници е наменет меѓу останатите, за стручњаците за енергетика, раководителите на енергетските компании, владини претставници, агенции и меѓународни организации, банки и академски истражувачи, и сл. Настанот ќе се одржи во просториите на PKS во Белград, а регистрацијата е задолжителна и трае најдоцна до 6-ти мај.
Во документот се покриени енергетската политика, енергетската сигурност, истражувања во областа на енергетиката по земји, правна рамка, регионални прашања, побарувачката на енергенти, проекции за снабдување до 2040 година и секторски анализи за нафта, природен гас, производство на електрична енергија, обновливи извори, енергетска ефикасност, когенерација и заштита на животната средина. Студијата ги анализира Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Грција, Хрватска, Израел, Кипар, Косово, Унгарија, Романија, Македонија, Словенија, Србија и Турција. Резиме на студијата, како и формулар за нарачка, може да најдете ОВДЕ.