Велигден како најрадосен христијански празник, сигурно предизвикува чувство за сезонско украсување на домот по повод овој прекрасен празник.
Од декорации на маса кои вклучуваат покривки, прибор за јадење, до цветни аранжмани и венци, може да се создаде вистинска атмосфера за вашиот дом. Јајцата се составен белег на Велигден, а со малку труд и уникатни идеи можат да станат автентични и необични. Има многу видеа кои ќе ве научат како да станете мајстор во украсувањето уметнички јајца.
Кога станува збор за чаршафи и декор на маса, изберете мотиви со зајаци, кокошки и диви цвеќиња. Истото важи и за приборот за ручек и стакло. Проѕирниот сад задолжително наполнете го со бонбони или чоколади во форма на јајца за децата што доаѓаат на гости да бидат воодушевени.
Можете да изберете и гранчиња од дрво или бреза на кои ќе закачите готови стиропорни јајца во интересна боја или дезен. Кога станува збор за украсите на вратата, нека содржат диви цвеќиња и јајца во пастелни тонови.
Потрудете се вашиот дом да зрачи со позитивна и пријатна атмосфера, која ќе го воодушеви семејството и гостите кои ќе дојдат да ве посетат за време на празниците. Погледнете ја фотогалеријата и пронајдете инспирација.