Куќата во Ávila, Шпанија на архитект Клаудија Олала Гил плени со својата уникатност. Лоцирана на големата надморска височина Лас Навас дел Маркес која се карактеризира со студени зими и благи лета, кои одредуваат ниска годишна просечна температура 10 степени Целзиусови.
Парцелата од само 800 квадратни метри со стрмна падина од 33 отсто, е опкружена со тројца соседи, околност што уште повеќе ја истакнува единствената ориентација на проектот и предлага компактен распоред.
Куќата има диференциран надворешен простор и посебен влез, додека капацитетот на локацијата се удвојува.
Во текот на летото, куќата е заштитена од попладневното сонце со функционални решетки на поголемите отвори, надополнети со систем на лизгачки врати кои ја заматуваат границата меѓу внатре и надвор, додека овозможуваат вкрстена вентилација. Меѓу двата слоја на оградата има преоден простор во манир на ходник или чардак кој овозможува продолжување на дневната соба кон терасата за време на потоплите денови.
Духот на местото, опремен со новото присуство на двонуклеарниот дом, го скротува околниот пејзаж и го разблажува присуството на соседите во обидот да се создаде простор за одмор и релаксација.
АВТОР: Сања ВЕЛКАКОВА