Европската вселенска агенција (ESA) соопшти дека руско-европската мисија на планетата Марс (ExoMars) е прекината и дека бара алтернатива за четири други мисии поради прекин на соработката со руската вселенска агенција Роскосмос.
Мисијата ExoMars е планирана за септември со испраќање европски ровер на црвената планета со помош на руски лансери.
Советот на ESA повика на потрага по други начини за остваеување на ExoMars и други вселенски мисии.