Насловна / Архитектура / SOM со проект за градба во рамките на мастер планот на Foster + Partners

SOM со проект за градба во рамките на мастер планот на Foster + Partners

Реномираната архитектонска фирма Skidmore, Owings & Merrill (SOM) неодамна го претстави проектот наречен One Centennial Yards, направен во соработка со Goode Van Slyke Architecture (GVSA).

SOM

Станува збор за комплекс кој ќе содржи над 4.500 квадратни метри деловен простор, 1.800 квадратни метри комерцијална содржина и две ијлади квадратни метри отворен простор на 28 ката, а се во согласност со иновативните, здравствени и велнес цели поставени во мастер планот на Foster + Partners.

Фасадите на трите тенки кули се инспирирани од индустриското и железничкото наследство на центарот на Атланта, додека внатрешноста на комплексот е дизајнирана на постпандемиски пристап, нудејќи им на корисниците простор и собири на отворено, како и заеднички простори за собирање на секој кат, со врати кои целосно се отвораат, како и уредени покриви, пишува ArchDaily.

SOM1

Главниот план доаѓа како одговор на неопходната ревитализација на долго запуштениот и недоволно искористен дел од градот познат како Заливот.

One Centennial Yards, заедно со голем број глобални компании во Атланта – како Marvel, Tyler Perry Studios, Google, Microsoft и други – ќе создадат 1.115.000 квадратни метри креативен и иновативен канцелариски простор, како и малопродажни и станбени објекти, додавајќи така виталност и различност на овој град.

SOM2

“Нашиот дизајн е изграден врз желбата на пазарот за флексибилна, ефикасна и приспособена околина, инспирирана од богатата индустриска историја на центарот на Атланта“, вели Пол Дана, партнер во SOM.

“Давајќи приоритет на здравјето и благосостојбата на заедницата, дизајнот вклучува создавање на голем број надворешни средини преку тераси на секој кат, кои обезбедуваат алтернативни работни простори и широк поглед на градот“, додаде тој.

SOM3

Презентираниот проект One Centennial Yards е дел од урбаната трансформација вредна пет милијарди долари, која минатата година во форма на мастер план беше претставена од Foster + Partners.

Според проектот Centennial Yards, трансформација на паркингот и просторот на поранешната железничка станица во простори ориентирани кон заедницата и инклузивни објекти за мешана употреба кои содржат најсовремени отворени и затворени простори се планира во центарот на Атланта.

Архитектите, исто така, имале на ум да создадат проодна урбана средина која ќе го слави стилот на живеење на градот и ќе создаде посилна врска меѓу соседните градски блокови и културните знаменитости.

SOM4

Испрати коментар

Scroll To Top