Насловна / Вести / Германија планира стратешки резерви на гас и јаглен

Германија планира стратешки резерви на гас и јаглен

Како последица на санкциите поради војната во Украина, Германија планира да воспостави стратешки резерви на гас и јаглен, со цел да ја намали зависноста од руските енергенти. Германскиот вицеканцелар Robert Habeck  изјавил дека операторите на складиштата за природен гас ќе бидат обврзани да ги наполнат складиштата за зимата. На таа тема веќе се подготвува закон, а нацртот наскоро ќе биде претставен, со цел набавка на гасот во текот на летото, а министерството за енергетика планира и воспоставување на стратешки стокови резерви на јаглен.

Ukraine-Konflikt - Statement Habeck

Германија веќе има стратешки резерви на нафта за покривање на 90 дена од потрошувачката, но нема слични резерви за природниот гас и јагленот. На новинарите во Берлин, Habeck им изјавил дека не постои непосредна закана за недостаток на енергенти, и дека државата ќе направи „се што е во нејзина моќ“, така и да остане. Дури половина од потребите од јаглен, Германија обезбедувала од Русика, како и 35% од потребата за нафта и 55% од потребата за природен гас. „Сега може да кажеме дека ќе имаме доволно гас за сигурна зима. Снабдувањето со природен гас е обезбедено, дури и ако цените на природен гас растат или Русија ги намали или целосно ги спречи своите испораки“, рекол Habeck и нагласил дека постојат опции Германија да обезбеди доволно гас и без Русија, но додал дека тоа сигурно би довело до повисоки цени.  Неодамна Катар објави дека не е направен никаков цврст договор околу снабдувањето на Германија со гас, и дека таа држава едноставно нема доволно гас за да гопонуди на европскиот пазар.

Habeck2

Испрати коментар

Scroll To Top