Насловна / Арт и дизајн / Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Љубителите на автомобили нестрпливо чекаат да ја видат најновата генерација на Mazdа 6, а според некои извештаи таа би можела да биде претставена во наредните месеци. И додека постојат определени сознанија за погонските агрегати кои ќе бидат понудени во новиот модел, малку се знае за тоа како ќе изгледа. Сајтот Carscoops затоа објавил неофицијален, спектакуларен рендер на идната Mazdа 6 чиј автор е Sugar Design. Очигледно е дека инспирацијата за дизајнот на надворешноста е добиена од неодамна претставениот SUV CX-60.

mazda1

mazda2

Без оглед на тоа во која мера овој независен дизајнер го „погодил“ изгледот на надворешноста, некои технички детали веќе се познати. На пример, се знае дека новата „шестка“ ќе биде базирана на механичка основа со погон на задните тркала, која ја менува постоечката платформа со преден погон. Дополнителната привлечност на новата Mazdа 6 ќе биде во тоа што автомобилот ќе се нуди со 6 цилиндарски бензински и дизел мотор, слични на оние што се користат кај  SUV CX-60. Станува збор за 3.0 литарски  e-Skyactiv X бензинец со 6 цилиндри, кој е потпомогнат со 48 волтен „лесен“ хибриден систем, и 6 цилиндарски 3.3 литарски e-Skyactive D дизелаш, исто така во комбинација со 48 волтна технологија на „лесен“ хибрид. Спецификациите за овие два типа на мотори досега не се објавени. Освен тоа, во понудата се очекува и plug-in хибридна верзија во чие срце е 2.5 литарски Skyactiv-G бензинец со 4 цилиндри, 192 hp (141 kW) при 6.000 вр./min и 261 Nm. Нему му помага електромотор од 136 hp (100 kW) и 250 Nm, а струјата ќе се складишти во батерија со капацитет од 17,8 kWh.

mazda3

 

Испрати коментар

Scroll To Top