Насловна / Вести / Европски парламент: Усвоена Резолуција за право на поправка – крај на „програмираното стареење“ на уредите

Европски парламент: Усвоена Резолуција за право на поправка – крај на „програмираното стареење“ на уредите

Европскиот парламент (ЕП) ја усвои Резолуцијата за право на поправка на електричните и електронски уреди, благодарение на која на граѓаните на Европската унија би требало да им биде олеснета поправката на уредите, но и да им овозможи подобра достапност до резервни делови.  Во Резолуцијата се истакнува дека на потрошувачите треба да им се овозможи при купувањето на производите да добијат информации за очекуваниот век на траење, како и за можностите за поправка. Врз основа на добиените информации, тие ќе имаат голема помош при донесувањето на одлука за купување на одреден производ. ЕП повика граѓаните да се заштитат од праксата на „програмирано стареење“, односно „правење грешки“ од страна на производителите.

mobile phone repair, hands closeup

ep2

Според претходните истражувања, големо мнозинство од потрошувачите попрво би го поправиле електричниот уред, отколку што би купиле нов. Тоа што многумина го забележале е дека уредите често се расипуваат веднаш по истекот на гаранцијата, што значи дека во тој случај граѓаните мораат да платат полна цена за поправка или да купат нов уред. Во ЕП решиле да го запрат овој тренд, и затоа во Резолуцијата за правото на поправка посебно внимание е посветено на делот кој се однесува на достапноста на резервни делови и полесна процедура за поправка на уредите. Резолуцијата е усвоена со 509 гласови „за“, 3 „против“ и 13 „воздржани“. Европскиот парламент очекува Законот за правото на поправка да биде предложен во третиот квартал на годината. Еден од глобалните проблеми на денешницата е се поголемата количина на електричен и електронски отпад кој главно неадекватно се одлага, што претставува голем проблем за заштитата на животната средина.

ep3

 

Испрати коментар

Scroll To Top