Насловна / Вести / Нафтените компании во Европа, профитирале од војната во Украина

Нафтените компании во Европа, профитирале од војната во Украина

Големото покачување на цените на бензинските пумпи, само делумно може да се објасни со повисоките цени на сировата нафта, а во најголем дел е предизвикано од подигањето на маржите во дејностите транспорт и преработка на нафта и дистрибуција на горива. Ова е тврдењето на Greenpeace, кој истакнува дека цените на бензинот и дизелот пораснале несразмерно на растот на цените на сировата нафта, додека во истиот период корпоративните трошоци незначително пораснале. Greenpeace истакнува дека цената на сировата нафта пораснала за околу 19 центи по литар во периодот од јануари до март, а нафтената индустрија несразмерно ги покачила маржите долж синџирите на снабдување.

oil1

Нафтената индустрија во ЕУ во текот на март во просек дополнително приходувала 107 милиони евра дневно од продажбата на бензин и дизел, што е вкупно 3,3 милијарди евра, се вели во студијата изработена од институтот EnergyComment, која е нарачана токму од Greenpeace. Меѓу земјите во Европа, постојат значителни разлики во дополнителните приходи кои се остварени. На врвот е Германија, а следуваат Австрија, Холандија и Франција. Марќите за бензин највеќе се покачиле во Германија, Австрија и Италија.

oil2

Анализирајќи ги податоците за цел март, Greenpeace истакнува дека нафтената индустрија во просек ги остварила следните дополнителни приходи преку продажбата на бензин и дизел:

  • 1,18 милијарди евра во Германија
  • 412,3 милиони евра во Франција
  • 235,6 милиони евра во Шпанија
  • 133,3 милиони евра во Австрија
  • 387,5 милиони евра во Италија
  • 68,2 милиони евра во Белгија
  • 133,3 милиони евра во Холандија
  • 142,6 милиони евра во Шведка, Финска и Данска

oil3

 

„Европската Комисија мора да им даде на земјите членки јасни насоки за тоа како брзо и доследно да ја намалат потрошувачката на нафта во ЕУ и да ја забрзаат декарбонизацијата на сообраќајот, кој троши речиси 2/3 од нафтата во ЕУ“, истакнуваат од Greenpeace. Организацијата бара да се запре „профитерството на нафтените компании и да се оданочува прекумерниот профит остварен во време на криза, а средствата да се користат за поддршка на граѓаните кои се особено погодени од растот на цената на енергентите“.

 

Испрати коментар

Scroll To Top