За само 50.000 долари, ова летало ќе носи патници на 12-часовно патување во вселената.
Пред неколку години, одењето на пат во вселената со шампањ и уживањето вонебесните глетки изгледаше нереално.
Компанијата за вселенски туризам World View ќе ги претвори вашите соништа во реалност. Компанијата претстави модел на иновативно вселенско летало, во кое ќе има осум патници и двајца членови на екипажот. Капсулите за вселенски лет се дизајнирани да бидат подигнати со стратосферски балон со нулти притисок, кој се издига на 30.000 метри над земјата, за патниците да можат да ја видат заобленоста на Земјата, тенката сина линија на атмосферата и темнината на вселената.
Направени во форма на шестоаголник, капсулите имаат големи елипсовидни прозорци кои нудат импресивен поглед на заобленоста на Земјата и нејзините природни чуда. Навалените седишта им обезбедуваат на патниците удобност, додека другите погодности вклучуваат маса за коктел, екран со графички кориснички интерфејс (GUI), централна конзола, личен склад и држач за пијалоци.
„Откривањето на нашиот прототип на вселенска капсула е клучен момент за компанијата додека се подготвуваме за нашето прво лансирање на Големиот кањон за само две години“, рече Рајан Хартман, претседател и извршен директор на World View.
„Воодушевени сме од парстнерството со лидерите во аеронаутички дизајн и инженерство за да ја оживееме нашата визија и да се осигураме дека учесниците на вселенските летови уживаат во вистинско трансформативно искуство“.
Програмата за вселенски туризам World View започнува со лансирање на комерцијални летови во 2024 година за 50.000 долари по седиште. Патувањето ќе ги однесе патниците низ некои од природните и вештачки чуда на нашата планета, како што се Големиот кањон и Големиот корален гребен.