Најголемите светски економии зависат од електричната енергија како извор на енергија за индустриска и домашна употреба. Оттука, прекините на електричната енергија можат да предизвикаат значителни загуби и оштетувања за кои може да се потребни неколку дена за да се обноват. Прекините на напојување или прекините на електричната енергија може да бидат долгорочни или краткорочни губитоци на електрична енергија во одредена област. Прекинот на струја се должи на повеќе фактори, меѓу кои оштетување на далноводи, краток спој, преоптоварување и вандализам. На прекинот на напојувањето може да се спротивстави со резервен извор на енергија, како што се генератори на енергија и соларни панели.
Јули 2012 Индија
Два големи прекини на струја ги погодија северниот и источниот дел на Индија на 30 и 31 јули 2012 година. Затемнувањето погоди милиони луѓе низ целата земја. Прекинот на снабдување со електрична енергија на 30 јули погоди речиси 400 милиони луѓе, додека прекинот на 31 јули погоди над 620 милиони луѓе или половина од населението во Индија. Околу 32 гигавати од капацитет за снабдување првично отиде вон мрежата, што влијаело на 320 милиони луѓе. Екстремните горештини во летото 2012 година ја зголемиле потрошувачката на електрична енергија во Њу Делхи на рекордно ниво. Доцното пристигнување на монсуните ја зголемило потрошувачката на енергија и го намали производството на хидроенергија. Напојувањето е обновено на 1 август 2012 година. Испитувањата за прекин на електричната енергија заклучија дека прекинот би можел да биде предизвикан од слаб меѓурегионален пренос и големо оптоварување.
Јануари 2001 Индија
Голем дел од северна Индија доживеа едно од поголемите затемнувања во историјата на земјата. Се проценува дека 230 милиони луѓе во Утар Прадеш биле погодени од прекинот на електричната енергија што се случил на 2 јануари 2001 година. Прекинот на струја е предизвикан од колапсот на трафостаницата во Утар Прадеш, поради што беа прекинати основните услуги како што се работа, транспортните и домашните набавки, во Делхи, Пенџаб, Харајана, Раџастан и Химачал Прадеш. Сомнежите се дека 12-часовниот прекин на електричната енергија бил предизвикан од несоодветна опрема за пренос, додека дел од опремата на мрежата била премногу стара за да функционира со потребниот капацитет.
Ноември 2014 Бангладеш
Бангладеш е погоден од голем прекин на електричната енергија на 10 ноември 2014 година. Затемнувањето кое почнало околу пладне ги зафатило сите делови од земјата кои биле приклучени на националната мрежа. Околу 150 милиони преживеале без струја околу 10 часа тој ден. Бидејќи националната мрежа изгубила околу 400 мегавати струја, синџирот на реакции почнал да ги принудува сите електрани во земјата да се угаснат. Запрени биле индустриското производство и другите сектори на стопанството кои зависат од електрична енергија. Струјата била делумно вратена во попладневните часови, но повторно се исклучила по 16 часот. Напојувањето е обновеноо неколку минути по полноќ.
Август 2005 Јава – Бали
Затемнувањето на Јава-Бали се случило на 18 август 2005 година. Прекин во напојувањето кој почнал во 10:23 часот погодило преку 100 милиони луѓе на давата острова. Прекинот на струја е предизвикан од падот на преносот меѓу Чилегон и Сагулинг во Западна Јава. Кварот на преносот каскадно придонел за затворање во погонот во Паитон во Источна Јава. Напојувањето продолжило во 17 часот и електростоппанството се обврзало да компензира над 293.000 засегнати корисници.
Септември 2003 Италија
Но не само на азискиот континент, и во Европа се случувале прекини на електрична енергија. Еден од најголемите е оној во Италија во 2003 година, што го зафати целиот италијански полуостров 12 часа и дел од Швајцарија во близина на Женева, три часа на 28 септември 2003 година.
Напојувањето прекинало околу 03:20 часот по локално време. Првичните извештаи од италијанскиот снабдувач со електрична енергија, GRTN, наведувале дека далноводот што ја снабдува Италија со електрична енергија од Швајцарија бил оштетен од невреме, а исто така и дека двата далноводи од 400 kV меѓу Франција и Италија прекинале поради зголемена побарувачка од тие два далноводи. Подоцна, се покажало дека прекинот од неколку часа на првата линија од Швајцарија – таканаречената линија „Лукманиер” – бил предизвикан од превртување на дрво во Швајцарија.