Насловна / Арт и дизајн / Редок цртеж на Микеланџело може да заработи 30 милиони евра

Редок цртеж на Микеланџело може да заработи 30 милиони евра

Аукциската куќа „Кристи“ објави дека цртежот на Микеланџело, кој беше пронајден во 2019 година, ќе се најде на аукција во Париз, на 18 мај 2022 година. Претпоставката е дека цртежот би можел да заработи 30 милиони евра.

Цртежот е едно од ретките дела на ренесансниот италијански уметник што се наоѓало во збирката на еден од колекционерите. Цртежот првпат е продаден во 1907. година како едно од делата од познатата школа на Микеланџело. Се до 2019. година бил „заборавен“, се додека проценителот на британската аукциска куќа „Кристи“ не го препознал како оригинално дело нацртано од уметникот.

Проценката е дека делото припаѓало на „Школата на Микеланџело“, а се верува дека цртежот бил едно од првите дела што ги нацртал италијанскиот уметник.

Делото прикажува исплашен човек прикажан на фреската „Крштевање на неофит“ од Масацио. На цртежот се прикажани уште две лица кои стојат во негова близина.

mm

„Мислам дека овој цртеж е едно од највозбудливите откритија направено како цртеж на стари мајстори во античко време“, изјави Стијн Алстин, меѓународен раководител на „Кристи“ на одделот за цртежи на стари мајстори.

„Покажува дека Микеланџело прави две работи истовремено, гледајќи наназад на уметниците кои му претходеле, во конкретниот случај Масацио, како и дека се радува на сопственото дело и на неговиот револуционерен аспект – особено на портретирањето на човекот. Телото кое станува толку важен дел во скулптурите, мислам на Давид во Фиренца, или на многуте фигури што ги насликал во Сикстинската капела“, додаде Алстин.

Од „Кристи“ тврдат дека станува збор за едно од највозбудливите откритија по подолг временски период. Откриениот цртеж се смета за француско национално богатство, но неодамна француската влада го укина тој статус во уметноста, па делото може да им се понуди на колекционерите ширум светот.

Цртежот ќе биде изложен во Хонг Конг и Њујорк, пред аукцијата во Париз, која е закажана за 18. мај 2022 година.

Испрати коментар

Scroll To Top