Насловна / Вести / Опасноста од нови поплави заврши

Опасноста од нови поплави заврши

nema veke poplavi

Поминува опасноста од поплави на територијата на Македонија. По обилните врнежи, надојдените води се повлекуваат а водотеците се враќаат во нормалните квоти. Последните информации од терен говорат дека водата од реките што се излеаа викендов на земјоделските површини, особено во северо-источниот дел од државата, полека се враќа во своите речни корита. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека состојбата се следи деноноќно во соработка со централната и локалната власт.
Дирекцијата за заштита и спасување има склучено договори со 44 градежни компании кои стојат на располагање со цел справување со временските непогоди. Таков беше и случајот минатите денови кога беа ангажирани голем број градежни машини.
Дирекцијата информира дека штетата од настанатите поплави е минимална и дека во ниту еден случај не се забележани поплавени станбени или деловни објекти.

Испрати коментар